Под мотото „Стартувај, уживај, радувај се! Во тебе е клучот“ во Неготино се одржа втората треил трка за вино и љубов, инспирирана по примерот на винските трки во Франција и Италија. Трката и годинава ја постигна целта – да трчаме за забава и уживање во природа. Учестиците ги истрчаа своите 8 километри, а потоа заедно со дегустаторите уживаа во вината и храната од неготинскиот крај. Сите заедно на крај заминаа со полни очи убавина, полна плуќа свеж воздух и полно срце радост.
Организаторот на настанот „Деконус“ од Скопје со поддршката од Општина Неготино и во соработка со планинарското здружение „Фри хајкерс“ ветија дека трката ќе продолжи и ќе биде дел од традицијата на винскиот Дисански крај и Неготино и дека ќе ја задржи својата автентичност по која се издвојува од обичните треил трки.
Сунцича Арсовска од „Деконус“ ги поздравуви присутните и посака во уште поголем состав да се дружат и догодина. Претседалетот на „Фри хајкерс“, Ахмет Муратов рече дека ваквите иницијативи се благодет за Дисанскиот, кој е крај што нуди многу можности за Неготино и околината.





