„Валентајн? Не, благодарам!“ е насловот на претставата што во средата се одржа во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во општина Кисела Вода. Настапот го организира студиото „Прва проба“ со голема група деца-актери на возраст од 12 до 16 години. Претставата ја работеа под менторство на актерките Маја Љутков и Ана Јовановска.

Темата на претставата беше десет најлоши раскинувања на Св. Валентин. Студиото „Прва проба“ постои од 2020 година и работи со деца на возраст од 7 до 17 години.






