Стојаково секоја пролет добива нови жители со привремен престој

На пролет Стојаково секоја година добива нови жители. Јато штркови се вообичаен дел од бандерите и крововите низ целото село на југот на Македонија. Стојачани се посебно горди кога ќе ги прашате нешто во врска со штрковите. Ни објаснија дека доаѓаат во март, а заминуваат на 8 август, кога го православието се одбележува Св. Пантелејмон.
Минатата недела, месната заедница Стојаково ги преброја штрковите во селото. Во 47 гнезда изброија 94 возрасни и 163 млади штркови. Оттаму велат дека штрковите сакаат еколошки чисти средини.

Фото: Тоше Огњанов

Сподели