„Пред да присуствуваме на отворањето на изложбата изложбата „Македонската робинзонијада на семејството бегалци Малахови“ имавме слушнато само за името на Марија Малахова, авторка на еден илустриран албум на македонски народни носии, кое звучеше како да е руско. Не знаевме ниту како се нашла во Македонија, ниту пак каде заминала од тука. И самите авторки на изложбата, Лина Жила, Јасмина Дамјановска, Љубица Велкова и Јасминка Намичева на почетокот не знаеле многу повеќе. Она што сепак можеле да го претпостават се причините зошто е тоа така“.
Животната приказна на семејството Малахови е во фокусот на 32. епизода на поткастот „Обични луѓе“ на Илина Јакимовска.
– Од приказната за семејството Малахови се прави одличен филм кој би содржел сè – историски превирања, авантури, љубов, неочекувани пресврти и мистериозни парчиња, кои остануваат такви и долго по завршувањето на филмот – вели Јакимовска.
Инспиративна приказна чујте ја на поткастот „Обични луѓе“.
Насловна фотографија: Првите Малахови во Порече, преземена од „Обични луѓе“





