Детската претстава „Црвенкапа“ во Куманово

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вечерва во 18 часoт ќе биде изведена детската претстава „Црвенкапа“ во режија на Бојана Краљевска-Стојков. Драматургијата ја направи Сашо Костовски, сценографијата е на Крсто Богојевски, а костимите се на Кети Пауновска-Стевковска. За музиката се погрижи Јован Цветковиќ.

Играат: Александра Михајловска, Владанка Крстевски, Матеј Стојковски, Анастасија Величковиќ и Никица Јанковски.

Сподели