Пријавување за 5. математички натпревар „Александар Блажевски-Цане“

Петтото издание на меморијалниот математички натпревар „Александар Блажевски-Цане“ ќе се одржи на 27 и 28 јануари. Натпреварот го организира Сојузот на математичарите на Македонија и има олимписки формат. Се состои од шест задачи (по три во два натпреварувачки дена), а за решавање се предвидени по четири и пол саати дневно.

– Натпреварот се реализира во две категории: јуниори и сениори. Тежината на задачите во категоријата е приближна на тежината на задачите од последното издание на Јуниорската балканска математичка олимпијада, односно Македонска математичка олимпијада – велат од СММ.

На натпреварот се поканети сите наградени учесници на минатогодишните олимпијади. Натпреварот воедно претставува и единствено изборно натпреварување за Европската женска математичка олимпијада (ЕГМО 2024). Во конкуренција за четиричлената македонска екипа се сите натпреварувачки во категоријата сениори, па затоа секоја ученичка која е поканета во категоријата јуниори може да одбере да се натпреварува во категоријата сениори.

Натпреварот се одржува во чест на Александар Блажевски-Цане, прерано починатиот голем македонски математичар.

Наслован фотографија: СММ, од првиот меморијален натпревар

Сподели