Размена на зимска облека во Социјалниот центар „Дуња“

Размена на зимска облека ќе се одржи в сабота (13 јануари) од 17 до 18 часот во Социјалниот центар „Дуња“ во Скопје.

– Ја одбележуваме Стара нова година во дух на солидарност и размена. Палта, џемпери, туники, јакни, капути, шалови, ракавици… Носите неколку парчиња зимска облека и модни додатоци кои веќе не ви се потребни. Секое парче мора да биде во уредна, чиста и употреблива состојба – велат организаторите, платформата „Второ азно“.

Облеката за размена се остава во соодветните категории во просторијата. Можете да земете нешто иако не сте донеле ништо.

– Нема ограничување во бројот на земени парчиња. Потсетуваме дека настанот не е од донаторски карактер и дека оставањето кеси облека за донација нема да биде прифатено – велат организаторите.

Сподели