Друштвото на ликовните уметници на Македонија распиша конкурс за прием на нови членови. Огласот трае до 23 јануари. Според пропозициите, секој кандидат треба да достави: диплома за завршен Факултет за ликовни уметности, биографија, фотографии од најмалку 6 дела кои треба да бодат испратени на мејл на ДЛУМ ( dlum.mkd@gmail.com), да донесат едно делo комплетно опремено во галериски формат и да уплатат 1.500 денари на сметката на Друштвото.
Целата документација (носење на дело) за конкурсот треба да биде доставена во канцеларијата на ДЛУМ во Домот на АРМ во Скопје 15 до 17 јануари од 10 до 15 часот. За прием на новите членови ќе одлучува Уметничкиот совет на ДЛУМ.
Повеќе информации на линкот.





