Со проекција на првата епизода од македонскиот телевизиски серијал „Зоки Поки“, Кинотеката на Македонија на 9 јануари во 12 часот ќе го почне „Кино утро“. Покрај десетте епизоди од „Зоки Поки“, адаптација на омилената лектира од Оливера Николова напишана пред 50 години, публиката ќе може да ги види и новите авантури на „Нинџа желки – мутантски хаос“, норвешката продукција „Титина“, германскиот анимиран филм на еколошка тема „Смрдливците – добредојдовте во Смрдвил“, рускиот „Мачки во музејот“, македонскиот „Биби и Боби: пролетна магија“.
Целата програма на линкот.





