„Барби“ – најгледан филм во „Синеплекс“, „Те дуа, жими мене“ – најгледан македонски

Скопското кино „Синеплекс“ ја објави листата на најгледани филмски наслови за 2023 година. Како и на светско ниво, новиот римејк за „Барби“ е најгледан филм и кај нас. Најгледан македонски филм е црната комедија „Те дуа, жими мене“ во режија на Марјан Гавриловски.

Еве ја листата на најгледани филмови:

„Синеплекс“ – Скопје

1. Барби
2. Опенхајмер
3. Аватар:Патот на водата
4. Те дуа, жими мене
5. Супер Марио браќа филм

A на светско ниво, најгледаните топ 5 филмови се:

1. Барби
2. Супер Марио браќа филм
3. Опенхајмер
4. Чувари на галаксијата дел 3
5. Брзи и бесни 10

Сподели