Со изложба и каталог вечерва во 19 часот во Градскиот музеј во Крива Паланка ќе бидат одбележани 10 години археолошки истражувања на локалитет Градиште кај село Градец, Кривопаланечко. Автори на изложбата и каталогот се м-р Милан Митовски и Цоне Крстевски.
Рецензијата е на проф. д-р Антонио Јакимовски, а дизајнот на Сашо Димоски.





