Новогодишен попуст на книги од 10 до 70 отсто од денеска до 13 јануари има во книжарницата „Или-Или“. Годинава издадоа 16 книги во различни едиции и реиздадоa 4 романи.
– Знаеме дека 20 наслови не се многу, сме имале и подобри години, но „Или-Или“ секогаш се гордее со квалитетот, а не со квантитетот на објавени наслови. Во овие денови имате можност да ја збогатите својата домашна библиотека со прекрасни наслови кои се на попуст. Ве очекуваме во дуќан со насмевки да ја испратиме старата 2023 и да ја дочекаме новата 2024 година – велат од „Или-Или“.
Книгите може да с епорачаат и онлајн.





