„Креативна верига“ од Охрид организираше новогодишен книжевен базар

Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности „Креативна верига“ од Охрид деновиве организираше предновогодишен книжевен базар во кафе-бар „Шила“. Базарот беше замислен како неформално дружење на автори и читатели. Присутните автори читаа извадоци од свои дела, како и од дела на автори што живеат надвор од Македонија. Базарот на книги изданија на „Креативна верига“, како и наслови од други издавачи можеа да се купат со попуст, а средствата ќе бидат наменети за следни активности на „Креативна верига“.

Учествувааа: Марина Икономова Шокева, Маја Мојсова, Јордан Коцевски, Гордана Балеска Трифуноска, Мерсиха Исмајлоска, Митко Колјушевски, Милчо Јованоски, Зоран Јакимоски, Марина Димоска, Мирко Томовски, Даниела Илијоска, Смиле Наумоски Брсјак, Митре Мангоски Радождански, Блаже Петревски Ендемион, Григор Костески.

Сподели