Промоција на три аудиодрами од Горан Стефановски во Europe House Скопје

Аудиодрамите „Гоце“, „Дупло дно“ и „Диво месо“ од Горан Стефановски што ги реализира платформата „Самоглас“, ќе бидат промовирани вечерва во 19 часот во Europe House Скопје. Секој може да ги слушне аудиодрамите преку бесплатно креирање на кориснички профил на веб-платформата или мобилната апликација на „Самоглас“, која e достапна на Google Play, App Store и Huawei Gallery.

– Со овие аудиодрами не само што отвораме нова категорија на платформата „Самоглас“, туку ги оживуваме и радиодрамите, како еден речиси заборавен медиум. На аудиодрамите работеа професионални актери и режисери со кои што заедно влеговме во овој проект истражувајќи го овој медиум, а притоа дојдовме до некои нови решенија на добро познатите драми на Горан Стефановски.

Во создавањето на аудиодрамите учествуваа: Владимир Николовски, Дамјан Костовски, Александар Ивановски, Томислав Давидовски, Владимир Петровиќ, Кире Ацевски, Марина Поп-Панкова, Андреј Лалчевски, Елена Кузманов, Томе Станковски, Горан Ников, Лазар Христов, Лео Поповиќ, Мирјана Трпковска, Теоман Максут, Леонардо Лазов, Јована Спасиќ и Виктор Велевски. Игор Стефановски, син на Горан Стефановски го позајми гласот во воведните делови на аудиодрамите и преку Здружението на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски ги овозможи авторските права за истите.

Проектот е финансиран од Министерство за култура и Europe House Скопје и Делегацијата на Европската Унија.

Сподели