Дваесетте икони од Македонија кои пред десет години беа украдени и илегално пренесени во Албанија синоќа се вратија дома. Во Музејот на Македонија во Старата скопска чаршија беа презентирани вредните артефакти, откако министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска заедно со македонската делегација ги презеде од Тирана. На презентацијата присуствуваа високи владини претставници, високи црковни великодостојници, експерти од културата.
Костадиновска-Стојчевска рече дека ова е историски момент бидејќи за прв пат во регионот се случува да биде вратено украдено заштитено културно добро
– По овој исклучителен гест на пријателска Република Албанија, верувам дека успешно ќе се одвива и просецот на враќање на уште 37 идентификувани икони украдени од македонските цркви и манастири од Ресен до Радожда – рече Костадиновска-Стојчевска.

Иконите синоќа пристигнаа во Скопје
Таа се заблагодари на Владата на Албанија, на премиерот Еди Рама и на сите вклучени од двете држави, посебно на нашата работна група составена од претставниците од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство, Македонската академија на науките и уметностите, Националниот конзерваторски центар, Заводите и музеи од Битола и од Охрид за нивната посветеност, професионалност и стручност за враќањето на ова наше културно наследство.
Свечено предавање на незаконски изнесените икони денеска во Тираба беа предадени на напата делегација. Десет години тареше процесот на враќање, откако бепе докажано дека артефактите се евидентирани како дел од македонските цркви и манастири. Албанската министерка за култура, Елва Маргарити, посочи дека овој случај е пример како треба да се спроведуваат меѓународните конвенции и отвора пат за врања на други украдени предмети во матилните земји.
Костадиновска-Стојчевска се заблагодари на албанските институции и служби кои ги заплениле вредните дела, а крадците ги соочиле со правдата.





