Разговор со Владимир Мартиновски за двете негови најнови книги ќе се одржи вечерва во 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје. Тоа е книжевно-есеистичката книга „Песнапат“ и „Паркот те помни“, најновиот избор од 111 песни од Мартиновски, двете во издание на „Бегемот“. Разговорот со авторот Мартиновски ќе го води Филип Димевски.
Со тоа ќе биде одбележан јубилејот – 20 години поетско творештво на Владимир Мартиновски.





