„Медиумска и информациска писменост“ е во фокусот на работилницата на младите европски амбасадори која денеска во 16 часот ќе се одржи во Europe House Скопје. Дали знаете како се креираат вестите? Како да ја разликувате вистината од дезинформациите? Кои се најсигурните извори на вести? Зошто некои вести стануваат вирални?
Работилницата е наменета за млади од 13 до 16 години. Тие ќе мое да научат нешто повеќе за медиумите и медиумската писменост, лажни вести, кликбеит информации, новинарство, медиумска манипулација и др. Сесијата трае 90 минути и содржи теоретски и практичен дел кои ќе ви дадат одлична можност да се запознаете со основите на медиумската писменост.
Максималниот број на учесници по работилница е 25. Пријавувањето е на линкот. Повеќе информации на линкот.





