Писатели од Битола на гости во Гевгелија

Во Народен театар во Гевгелија вечерва во 19 часот ќе гостуваат македонски писатели-членови на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ кои ќе зборуваат за историјата на оваа писателска асоцијација, нејзините книжевни и периодични изданија, како и за манифестациите и настаните во нејзина организација. Вечерта ја организира гевгелиската библиотека „Гоце Делчев“.

Претседател на „Битолски книжевен круг“ е Зоран Пејковски. „Битолски книжевен круг“ од 2001 година двапати годишно го објавува списанието за книжевност, уметност и култура „Раст“, а ја организира и манифестацијата „Битолски книжевни паметења“. Издавач е и на повеќе поединечни изданија на книги од сите жанрови.

Сподели