„Вонка“, римејкот на филмот „Чарли и чоколадната фабрика“ во режија на Пол Кинг, ќе ја има својата премиера пред македонската публика на 13 декември во киното „Синеплекс“ во Скопје. Базиран на неверојатниот лик од приказната Чарли и чоколадната фабрика, „Вонка“ ја раскажува приказната за најдобриот изумител, магионичар и чоколатиер и како тој се претворил во Вили Вонка што го знаеме и денес.
Филмот е копродукција помеѓу Австралија, Канада, Франција, САД, Велика Британија. Жанровски е авантурстичен, Семеен, комедија.
Главните улооги ги толкуваат: Тимоте Шаламе, Оливија Колман, Хју Грант, Сели Хокинс, Роуан Аткинсон.





