„Лице в лице“ и Борче Стаменов добитници на наградата „Мето Јовановски“

Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ и Борче Стаменов, основачот на иницијативата „Донирај компјутер“ се добитници на државната награда „Мето Јовановски“ за 2023 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 10 декември во 12 часот во македонското Собрание.

Сподели