Дела од македонски уметници по повод 30. Совет на министри на ОБСЕ

Изложба на дела од македонски ликовни уметници е поставена во хотелот „Александар Палас“ во Скопје по повод 30. Совет на министри на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Изложбата ја организира Друштвото на ликовните уметници на Македонија на на покана на Министерство за култура. Делата се селекција од изложбата „Фемина“.

Во поставката се селектирано дела од: Ана Темкова, Вана Урошевиќ, Дијана Томиќ-Радевска, Наташа Милованчев, Маја Рауник-Кирков, Јана Манева-Чупоска, Дита Старова-Ќерими, Јана Луловска, Ана Ивановска, Ана Трајковска, Шќипе Мехмети, Ирена Паскали, Тања Таневска, Марјана Костојчиновска-Узунчева, Илијана Петрушевска, Јовица Мијалковиќ и Благојче Наумовски. Дизајнот за каталогот е на Денис Тенев.

Фото: ДЛУМ

Сподели