Во просториите на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје денеска во 11 часот ќе се одржи трибина насловена „Против недемократски Деловник“ на која ќе бидат изнесени ставовите на академскиот кадар на Институтот за наведениот акт.
– Соочени со содржината на Деловникот на Собранието со кој се предлага продолжување на праксата на ограничување на дискусијата, свесни за последиците од ваквата пракса, сметаме дека како академска заедница имаме обврска да ја отвориме темата и да ја запознаеме пошироката јавност со воочените недостатоци и ефектите кои ќе ги има овој акт – децидни се од институтот.
Воведничар и модератор ќе биде проф.д-р Петар Атанасов, а свои излагања ќе имаат:– проф. д-р Мирјана Најчевска на тема „Деловникот треба да овозможи функционирање на Собранието како место за расправа (ЕУ перспектива)“;
– доц. д-р Јован Близнаковски на тема: „Крајно време е Собранието да почне да ја контролира Владата;
– проф.д-р Бојана Наумовска на тема: „,Ограничен’ суверенитет (како ќе бидат застапувани интересите на граѓаните)“;
– доц. д-р Милка Димитровска на тема: „Добри практики на квалитетна дебата при функционална парламентарна процедура“;
– вонр. Проф. д-р Јелена Ристиќ на тема: „Квалитетни закони како резултат на квалитетна дебата“.





