Во 63-та годин, денес по кратка и тешка болест, почина Жарко Лаушевиќ, познатиот црногорски актер, филмска и театарска ѕвезда. Актерот со тежок животен пат пред два месеци почувствувал проблеми на белите дробови, но во октомври се појави на премиерата на филмот „Херои Илијарда“, каде публиката го дочека со громогласен аплауз, пишува Story.hr.
Роден на 19 јануари 1960 година во Цетиње, гимназија завршил во Подгорица, а диплопмирал на Факултетот за драмски уметности во Белград. Тој беше еден од најпознатите југословенски и српски актери од втората половина на 80-тите, чија кариера нагло беше прекината поради убиства во одбрана што се случи во 1993 година за што беше осуден на неколку години затвор во родната Црна Гора. При расправија и конфликт пред едно кафуле во Подгорица, Лаушевиќ ги уби со пиштол напаѓачите Драгор Пејовиќ и Радован Вучиниќ, а тешко го рани третиот Андрија Кажиќ.
Тој беше осуден на 13 години затвор за двојно убиство. Настанот и неговите последици, кои суштински ќе му го променат животот, Лаушевиќ прв ги опишал во автобиографската книга „Годината минува, денот никогаш“ (2011), како и во продолжението „Втората книга“ (2013).
По скратувањето на казната и помилувањето, Лаушевиќ се пресели во САД, од каде што се врати првин со исповедната книга „Годината минува, денот никогаш“, а потоа со уште неколку автобиографски дела, како и неколку улоги на телевизија и филм во последните десет години.
Популарноста во Југославија ја стекна со улогата на криминалец во телевизиската серија „Сивиот дом“ (1986), во режија на Дарко Баиќ, како и во филмовите „Шмекер“ (1986), „Се случи на денешен ден“ (1987), „Битката на Косово“ (1989), „Кажи зошто ме остави“ (1993) и „Подобро oд бегство“ (1993).
Беше член на Југословенското драмско позориште, каде одигра голем број улоги. Во 2015 година го сними филмот „Смрдлива бајка“, со кој по 16 години се врати на филмското платно. Оттогаш се појави во неколку серии.
Освои награди меѓу кои „Златна арена“ во Пула за најдобра улога. Во 2017 година ја доби наградата за животно дело на фестивалот „Киненова“ во Скопје.
За неговиот филм е снимен филмот „Лауш“, по идеја и сценарио и режија на Бранко Бешевиќ Гајиќ.
Фото: Јасна Чилиманова-Накова/Киненова





