Министерството за надворешни работи одлучи работното време на сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје на 29 ноември да заврши во 12 часот, а 30 ноември да биде неработен ден. Овие заклучоци се однесуваат и на основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, а не се однесуваат на детските градинки и здравствените установи на подрачјето на град Скопје, коишто е потребно да изработат сопствени планови за работењето, со цел непречено функционирање.
Одлуката е поради 30. министерски состанок на ОБСЕ, што ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември во Скопје.
Се препорачува на општините во градот Скопје и на Град Скопје да ги спроведат заклучоците. Оваа препорака се однесува и на приватниот сектор на подрачјето на градот Скопје, посебно од подрачјето на Општината Карпош и на општините кои гравитираат кон Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“.





