Македонскиот народен театар започна со санација на проодната тераса која се наоѓа на северно-источниот дел од првиот кат на објектот – кон Музејот на холокаустот. Се работи за зафат со кој ќе се надминат проблемите наследени од самото отворање на театарот, како и натамошното руинирање на објектот, велат од МНТ. Во изминатите години при обилни дождови беа предизвикувани материјални штети од протекување од терасата во главното фоаје.

– Средствата, во износ од 1.200.000 денари се во рамките на Годишната програма за 2021 година на Министерството за култура. Искрено се радуваме што есенскиот дел од сезоната ќе го започнеме во безбеден и саниран објект. Во очекување на позитивни вести околу пандемијата од ковид-19, ние се подготвуваме повторно за полн салон, со широк репертоар – велат од националниот театар.
Новата зграда на Македонскиот народен театар е отворена во мај 2013 година.





