Во амфитеатарот на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утре (16 ноември) во 17 часот ќе се одржи хемиски спектакл. Настанот повеќе години го подготвуваат вработените на Институтот во сорабока со Сојузот на хемичари и технолози на Македонија.
– Ги каниме сите заинтересирани ученици од средните и основните училишта, нивните наставници како и сите вљубеници во хемијата и експериментирањето, да бидат дел од оваа хемиска забава – велат организаторите.
Институтот за хемија се наоѓа во долната зграда во комплексот на ПМФ.
Фото: СХТМ





