Меѓународна научна конференција посветена на академик Луан Старова ќе биде организирана утре во 10 часот во салата за седници во Филозофскиот факултет во Скопје. Конференцијата ја организира Катедрата за албански јазик и книжевност.
Учесниците ќе ги поздрават: Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Биљана Ангелова, ректор на УКИМ, Исмет Османи, Јоана Хаџи-Лега Христоска, раководител на Катедрата за романски јазици и книжевности, акад. Влада Урошевиќ и акад. Ферид Мухиќ.
Ќе настапи дуо Скупи во состав на Јета Старова Мемети и Ермал Мемети.
Со свои излагања ќе се претстават професорите Анастасија Ѓурчинова (Рецепција на романите на Луан Старова во Италија), Веби Беџети (Митот и антимитот во романот „Времето на козите“ од Луан Старова),Лорета Георгиевска (Женскоста во романот „Ервехе“ од Луан Старова), Мирлинда Крифца-Беќири (Реалното и имагинарното во романескниот циклус на Луан Старова), Елисавета Поповска (Перитекстот во француските изданија на романите на Луан Старова), Фатмир Сулејмани (Влијанието на европската литература врз творештвото на Луан Старова), Лидија Капушевска-Дракулевска (Луан Старова како поет), Африм Реџепи (Изополифонијата во романите на Луан Старова), Деспина Ангеловска (Библиотеката како татковина и прибежиште: Рефлексија за значењето на книгите во делото на Луан Старова), Селајдин Салиу (Луан Старова и пишаната историја на губитникот), Марија Ѓорѓиева-Димова (Како дестереотипизира книжевноста? (Балканвавилонци на Луан Старова)).
Со свои излагања ќе настапат и: Авзи Мустафа (Културните и јазичните граници во романот „Балканвавилонци“ од Луан Старова), Владимир Мартиновски
(Улогите на книжевноста, музиката и културата во романите на Луан Старова), Теута Арифи (Долгиот 19 век во делото „Граница“ на Луан Старова), Лилјана Макаријоска
(Односот кон турските лексички заемки во творештвото на Луан Старова), Мустафа Ибрахими (Посебни аспекти за животот на Ариф Старова и Али Фети Окјар во делата на Луан Старова), Исмет Османи, Аслан Хамити (Ономастичката лексика во романот „Времето на козите“, Фаркета Дибра (Делото на Луан Старова во наставните програми по албански јазик), Аделина Џафери (Фигурата на таткото во полифоничниот роман Татковите книги од Луан Старова), Татјана Гочкова-Стојановска (Усвојувањето на македонскиот како втор јазик кај студентите со албански мајчин јазик: типологија на грешките), Арбана Ајдини (Животната реалност прикажана преку балканскиот апсурд во романот „Времето на козите“ од Луан Старова), Нурие Емрулаи (Егзилот, неизбежен дел од Луан Старова).





