Четворица кандидати за нов претседател на ДПМ

Четворица кандидати за нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија добија членовите на асоцијацијата. Живко Грозданоски, Блаже Миневски, Мирче Нешовски и Гоце Ристовски ги поднесоа своите кандидатури до 4 ноември, според статутот на асоцијацијата. За претседател на собранието на ДПМ се пријавиле Иван Антоновски и Стефан Марковски.

На 25 ноември во 11 часот во просториите на ДПМ е закажано вонредно изборно собрание, откако голем дел од членството излезе јавно со барање од актуелната претседателка на Собранието, Кристина Николова да распише избори за ново раковдство на асоцијацијата.

Кандидатурите се достапни на следниот линк

Сподели