Македонско-словенечкиот краток филм „Почва“ на режисерот Алекс Цветков влезе во финалето на 14. Филмски фестивал во Баку, Азербејџан, што ќе се одржи од 10 до 15 ноември. Филмот влезе во изборот меѓу 29 филма од цел свет, а се натпреварува во меѓународна конкуренција.

Алекс Цветков е талентиран режисер од Словенија, со потекло од Македонија, што завршил на Филмската академија во Лос Анџелес. Тој е син на познатиот каскадер Рок Цветков. Филмот беше снимен во Битола во 2021 година, македонски продуцент е „Сектор филм“ од Скопје. Го поддржа Агенцијата за филм, како и неговиот прв филм Scout, негово дипломско дело. Копродуценти се и „Трамал филмс“ од Словенија и „МП продукција“ од Хрватска.
Во филмот играат македонските актери Димитар Ѓорѓиевски и Наташа Петровиќ, како и Словенецот Матјаж Јавшник.Директор на фотографија – Јошко Моровиќ, костимограф – Жаклина Крстевска, сценографија – Шпела Јеловчан и Марко Јуратовец, шминка – Жанета Димитриевска.





