Бронзен медал и пофалница за Македонија на Балканската олимпијада по информатика во Марибор

Бронзен медал и олимписка пофалница за Македонија освоја нашите средношколци на 30. Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2023) што се одржува во Марибор, Словенија. Бронзениот медал го освои Дамјан Давков, а олимписката пофалница – Софија Велковска. На натпреварот успешно се претставија и Марко Петров и Благој Рујаноски Стојановски. Подготовките и организацијата на нашите ученици традиционално ги спроведува Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ).

Балканската олимпијада по информатика е натпревар во програмирање за средношколци од земји околу или блиску до Балканскиот Полуостров. Секоја земја учесничка испраќа тим од 4 натпреварувачи, избрани од нивните национални олимпијади или натпревари. Натпреварот го организира Здружението за техничка култура на Словенија под покровителство на Министерството за дигитална трансформација.

Фото: ЗИМ

Сподели