Нобеловецот Мухамед Јунус ќе го добие „Олимпискиот лавор“

Социјалниот претприемач, економист, лидер во цивилното општство и нобеловец Мухамед Јунус од Бангладеш ќе биде вториот добитник на „Олимпискиот лавор“. Јунус ќе го добие трофејот официјално на отворањето на Олимписките игри во Токио на 23 јули. Ова признание го доделува Меѓународниот олимписки комитет со цел да ги награди извонредните индивидуалци за нивните достигнувања во образованието, културата, развојот и мирот преку спортот.

Проф.Јунус, кој многу често е нарекуван „светскиот банкар на сиромасите“, ја добива наградата за неговата работа во спортот, за развој, вклучувајќи го и основањето на „Јунус спортс хаб“, глобална мрежа за социјален бизнис. Јунус соработувал со МОК на неколку проекти, меѓу кои образовни елементи за МОК програма за млади лидери, Мировниот младински камп „Imaginе“…

Фотографија: Меѓународен олимписки комитет

Претседателот на Олимпискиoт комитет, Томас Бах вели: „Со олимпискиот лавор“, ја унапредуваме визијата на баронот Пјер де Кубертен, основачот и оживувач на модерните Олимписки Игри. Тоа е исто така одраз на идеалите и вредностите на старите Олимписки Игри, со фокус на човечкиот развој преку мир и спорт.
Работата на проф. Јунус е пример за овие идеали и вредности. Тој го споделува своето богатство од знаење великодушно со атлетите и со олимписката заедница. Тој е голема инспирација за сите нас. Им помага на атлетите за развојот на нивната постспортска кариера, изјави Бах.

Јунус вели:
– Олимписките игри ја имаат најголемата моќ во светот. Тие го обединуваат целиот свет во мирољубив натпревар, славејќи го единството во различноста. Спортистите од Северна и од Јужна Кореја маршираа заедно во парадата на нациите на Зимските олимписки игри во Пјонгјанг во 2018 година и тоа беше моќен потсетник за огромниот потенцијал на мирот преку спортот.
– Можеме да ја искористиме оваа моќ за да го смениме светот на најефективни начини. Спортот е природен за сите човечки суштества – вели Јунус.

Насловна фотографија: Меѓународен олимписки комитет/Грег Мартин

 

Сподели