Првенецот на Македонскиот народен театар, Никола Ристановски, најдобра машка улога ја доби Никола Ристановски за ликот на д-р Томас Стокман во претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ. Одлуката ја донесе жири-комисијата во состав: Катерина Коцевска, актерка, Душан Петровиќ, режисер и професор на ФДУ во Белград и Давор Шпишиќ, драматург и сценарист од Загреб.

Фото: Јутјуб/принтскрин RTV Focus
– Никола Ристановски во улогата на д-р Томас Стокман рискантно и дрско го спојува неспоивото: најдрската превртливост и пеливанската балканска итрина. Игра човек кој како денешниот слеп Едип незапирливо ја напаѓа општествената неправда и тврдоглаво истрајува во битките за правда, до работ на Бекетовите кловнови, отфрлен од сите и упорен во тоа – стои во образложението.
Ова е трета награда за Ристановски за оваа улога, по признанијата во Никшиќ, Црна Гора и во Нови Сад.
Фотографии:





