Прво Меѓународно биенале на минијатурни графики и цртежи во Битола

Околу 500 дела од скоро 400 автори од приближно 80 држави од целиот свет ќе бидат изложени на првото Меѓународно биенале на минијатурни графики и цртежи што ќе биде отворено на 15 номври во Офицерскиот дом во Битола.

Во рамките на изложбата ќе има специјални оддели на кинеската, италијанската и канадската минијатурна графика и цртеж, како и омаж за графичкото творештвото на Josee Wuyts и Frans de Groot, од Холандија, со специјално испратени дела за свеченото отварање.

Организатори на изложбата се Владо Ѓорески, графички уметник, кустос и ликовен критичар, во соработка со Културно и информативен центар од Битола. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и Општина Битола.

Сподели