Традиционалната награда што Скопскиот џез фестивал ја доделува за најдобар млад македонски џез музичар, годинава ја освои нашиот хиперактивен џез тапанар, импровизатор и композитор Драган Теодосиев. Наградата му беше врачена на 20 октомври, пред самиот настап на неговиот состав Cobalt Code Unit на 42. Скопски џез фестивал.

Тој е присутен на македонската музичка сцена речиси две децении, а своето музичко образование го стекнал во средно музичко училиште и на одделот за џез музика на Факултетот за музичка уметност во Штип. Активно работи со голем број артисти и бендови како: Taxi Consilium, Svetlost + Odron Ritual Orchestra, Зарина Првасевда, Cobalt Code Unit, Shock Troopers и Дина Јашари, а соработувал и со Тони Китановски, Сашо Поповски, Јордан Костов и многу други.
Бил дел и од театарската група „Мадам Фортуна“ од Антверпен, Белгија. Редовно настапува кај нас, но и низ цела Европа. Го нарекуваат „најзафатениот (џез) музичар во Македонија“.





