36 ракописи во конкуренција книжевната награда „Пегаз“

Вкупно 36 ракописи пристигнале на 5. конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман на годината, што го организираат издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Ракописите ќе ги оценува тричлена комисија, сочинета од двајца претставници од културната сфера и претставник од издавачката куќа „Арс Ламина“.

Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција. Добитникот на наградата ќе биде соопштен најдоцна до 29 декември.

Сподели