Три филма ќе бидат прикажани на вториот ден на 8. Киненова. Во 16 часот во киното „Синеплекс“ ќе биде прикажан полскиот „Под површината“ на Лацек Блавут, филм од 2022 година.
1940 година и додека сојузничките војници френетично се евакуираат на плажите во Данкерк, полската подморница ОРП Орзел тргнува на опасна мисија во Северното Море. Во текот на тоа, ќе наиде на закани во форма на подводни мини, воздушни бомбардирања и непријателски бродови. Заканата од непријателската морнарица и воздухопловство – нацистичка Германија – е најголемата, но не и единствената што демне за екипажот со кој командува капетанот Јан Груџински. Екипажот мора да се соочи со зголемена физичка и ментална исцрпеност. Но, вистинскиот непријател е невидлив, скриен во клаустрофобната внатрешност на бродот.

Македонскиот филм „Преекспонирано“ следува од 18 часот. Првиот долгометражен игран филм на македонската режисерка во подем, е единствен македонски филм во главната натпреварувачка програма на „Киненова“ годинава.

Фотографката Ана и нејзиниот сопруг Филип се во нивната викендичка кога нивниот мир го нарушува доаѓањето на Маја, ќерката на нивните долгогодишни пријатели, која одамна ја немаат видено. Една вечер, кога Маја се враќа во куќата облеана во крв, Ана и Маја споделуваат чуден момент на интимност. Тајниот занес на Маја со Ана ги открива сите недоречени работи што Ана и Филип ги чувале еден од друг со години.
Во терминот од 20.30 часот следува уште еден полски филм „Брижит Бардо засекогаш“ на режисерот Лех Мајевски, кој е член на жирито на фестивалот.

Во средината на 20 век во Народна Полска. Главниот лик Адам живее со својата мајка, која е вознемирена од функционерите на Управата за обезбедување. Таткото на Адам го беше дел од одрбаната на Албион како пилот од Втората светска војна и подолго време никој нема слушнато ништо за него. Не е познато дали тој останал во Англија или се вратил во земјата и се крие за да избегне прогон. Од него пристигнуваат пакети и разгледници, но Адам, кој никогаш не го видел својот татко, се сомнева дека пакетите ги испраќа некој друг. На училиште, тој постојано сонува дека еден ден неговиот татко ќе слета на правливиот терен во неговиот Спитфајер и ќе подигне облак од прашина од кој ќе излезе жив, херојски и величенствен.





