Наградуваната „Орфеј“ на театарот „Иван Вазов“ од Софија за крај на „Скупифестивал“

Претставата „Орфеј“ во продукција на „Иван Вазов“ од Софија, а во режија на Јернај Лоренци од Словенија, вечерва во 20 часот ќе гостува на сцената на Албанскиот театар во Скопје, во рамките на 17. „Скупифестивал“. За претставата „Орфеј“, режисерот Лоренци беше прогласен за најдобар и ја освои највисоката театарска награда „Икар“, како и за најдобра претстава и најдобра претставата од публиката за најдобра драмска изведба.

Овој режисер во 2017 година ја освои Европската театарска награда „Премио“. Лоренци ќе биде гостин на фестивалот.

Во претставата играат: Александра Василева, Билјана Петринска, Василена Винченцо, Валентин, Ганев, Гергана Змичарова, Дејан Донков, Ненчо Костов и други.

Сподели