Од здравствени причини јавно ве известувам дека давам неотповиклива оставка на функцијата претседател на Друштвото на писателите на Македонија и му посакувам многу среќа, здравје и успех на тој што ќе продолжи да го води Друштвото кон обединување, континуитет и нови иницијативи и резултати, објави утрово актуелниот претседател на писателската асоцијација, Христо Петрески.
– Најпрвин им благодарам на сите оние колеги – писатели кои со своите гласови ме избраа за претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Верувам дека во претходниот период на раководење со ДПМ постигнавме доста, но има уште многу што треба да се сработи. Со поздрав, почит и благодарност – додаде Петрески.
Неговата оставка дојде по само неколку дена откако осум од вкупно девет члена на претседателството на ДПМ се повлекоа од своите позиции.





