Средношколката Марија Милошевска освои „Златна почест“ на Меѓународниот натпревар по астрономија и астрофизика за млади научници. Ученичката од ПСУ „Јахја Кемал“ од Тетово, беше најдобра од македонските учесници и според постигнатиот успех е во првите пет отсто од учесниците.
Овој натпревар им овозможува на учениците да ги продлабочат и проверат своите знаења и вештини на полето на астрономијата и астрофизиката. Натпреварувачите добиваат меѓународни признанија кои можат да им се најдат во понатамошното образование. Најистакнатите учесници од секоја од 80-те држави учеснички добиваат „Национална награда“.





