Конкурс за 4 доделување честири стипендии објави Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Стипендиите се за запишување студенти на втор циклус студии во академската 2023/2024. Рокот за пријавување на кандидатите почна вчера и трае до понеделник (9 октомври) во периодот од 9 до 15 часот во Архивата на Институтот.
Ова се основните критериуми што кандидатите треба да ги испонуваат:
– Да има завршено соодветни додипломски студии дефинирани во елаборатите за акредитација;
– Да е државјанин/државјанка на РС Македонија;
– Да има просек од додипломски студии од најмалку 8,5;
– Да не е корисник/корисничка на стипендија од друг давател (се докажува со изјава заверена на нотар);
– Да го владее англискиот јазик;
– Да биде на возраст не повеќе од 35 години.
Предност ќе имаат кандидтите кои имаат добиено награди и признанија, учествувале на обуки и курсеви за усовршување во областа (летни и зимски школи, практика во земјава или во странство), имаат објавени трудови (стручни, научни, монографии, статии и сл.), улесвувале во истражувачки/апликативни проекти, имаат работно искуство во областа за којашто се конкурира.
Повеќе информации на линкот.





