На археолошкиот локалитет кај скопското село Бразда утре во 12 часот ќе бидат одбележани 10 години од формирањето на Архео-парк Бразда. Водено ќе биде откриена и спомен плоча на проф. д-р Иван Микулчиќ, археологот кој ја откри гробницата.
Од 2016 година за Архео-паркот Бразда се грижи Здружението на граѓани – Институтот за археолошки истражувања од Скопје во соработка со Археолошкиот музеј и поддршка од Министерство за култура.
Идејата почна порано од група студенти, членови на здружението, кои имаа идеја монументалната владетелска гробнива о 5 век пред новата ера да ја исчистат од дивата вегетација и да ја претворат во туристичка атракција. Во 2012 година здружението во партнерство со Музејот на Македонија, а поддржано од АД ЕЛЕМ преку својата програма за општествена одговорност излезе на терен за да ја смени сликата за ова значајно културно наследство.
– Тимот презеде активности за уредување на локалитетот и неговата околина. Со реализацијата на проектот, врз археолошката и пошироката културна јавност како и локалното население се изврши влијание за важноста и значењето за заштита на културното наследство и негово искористување за цели за економски развој и промоција на локалната заедница. Археолошкиот парк Бразда стана нова туристичка атракција во непосредна близина на главниот град, а воедно и континуирано ќе придонесува за развој на туризмот во рурална средина – велат од Здружението.





