Одбележување на Меѓународниот ден на знаковниот јазик

Кажи со раце“ е насловен младинскиот настан со кој денеска во 17 часот во Паркот на франкофонијата во Скопје ќе биде одбележан Меѓународниот ден на знаковниот јазик. Присутните ќе учат како да ја совладаат азбуката на знаковен јазик, да се претстават и да споделат интересни факти за себе и ќе се вклучатво младинска уметничка акција.

– Дојди и помогни ни да ја истакнеме убавината на македонскиот знаковен јазик, да ги урнеме бариерите во комуникацијата, да ја промовираме моќта на раскажувањето приказни и вклучувањето во активизам – велат организаторите.

Повеќе информации на линкот.

Сподели