Пред фонтаната „Лотосов цвет“ во Градскиот парк во Скопје утре во 10 часорт ќе се одржи манифестацијата „Движи се за здравје“. Деца од предучилишните установи ќе можат да вежбаат поминување на поставените полигони, возењето велосипед, тротинет и другите спортски активности. Целта е да го развијат спортскиот дух и да научат секојдневно да практикуваат спортски активности.
– Сакаме да ги поттикнеме децата уште од најмала возраст правилно да растат и да се развиваат и да ги подобруваат моторните способности, но и да стекнат здрави навики за редовно спортување – велат од Детскиот културен центар „Карпош“.
Манифестацијата е дел од богатата културна понуда во градот во рамките на кандидатурата за Скопје – Европска престолнина на културата 2028.





