„Медена земја“ вечерва во Градскиот парк во Скопје

Во Градскиот парк во Скопје вечерва во 20 часот ќе се одржи проекција на филмот „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов. Приказната за Атиџе, која беше номинара за две награди „Оскар“ е одлична можност граѓаните да уживаат во македонски филм во еден од последните викенди ова лето, велат од Град Скопје. Бесплатната саботна филмска вечер е дел од богатата културна понуда на Градот Скопје во рамките на кандидатурата за Скопје – Европска престолнина на културата 2028.

Сподели