„Најсреќниот човек на светот“ денес и утре во Кочани

Филмот „Најсреќниот човек на светот“ во режија на Теона Стругар-Митевска, ќе биде прикажан вечерва во 20 часот во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани. Филмот пред точно една година ја имаше својата светска премиера на најстариот филмски фестивал во светот – тој во Венеција.

Петтиот игран филм на Теона Стругар Митевска е снимен според сценарио на Елма Татарагиќ, а е базиран врз вистинска приказна. Станува збор за филм што зборува за тешкотијата на помирувањето, кое е неопходно за да се може да се продолжи со животот во мир после војна. Сараево четири години беше под опсада и тероризиран со снајперски истрели со огромен број невини жртви.

Филмот е копродукција помеѓу Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ и Данска. Развојот и продукцијата е поддржана од Агенцијата за филм, Креативна Европа – МЕДИА, Еуримаж, Данскиот филмски институт, Belgium Tax Shelter, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот фонд од Сараево.

 

Сподели