Во свечената сала на Офицерскиот дом во Битола вечерва во 20 часот ќе биде изведен конецртот „Токио носталгија проект“ што го организира Културно-информативен центар од градот. Ќе настапи исклучителна меѓународна екипа на музичари, кои ги зближува интересот и афинитетот кон root music или изворната музика на Јапонија и Македонија.
Ќе настапат: Јордан Костов на хармоника, Гензо Такехиса на пијано, Хисао Фукушима на гитара, Андреас Гунтер на саксофон (Германија), Шин-ја Охно на гајда, Нао Изука – флејта и вокал и Дамјан Грујо на перкашн.
Доживеана низ уметничкиот сензибилитет на секој од нив тие создаваат единствена музичка форма, која се движи помеѓу традиција, амбиентална и world music.





