Режисерката Тамара Котевска ќе одржи говор на Филмскиот фестивал во Венеција

Режисерката Тамара Котевска ќе одржи свечен говор за филмови кои имаат моќно социјално влијание и прават општествена промена и официјално ќе ја најави премиерата на нејзиниот нов долгометражен документарен филм The Walk на Филмскиот фестивал во Венеција. Таа е првата авторка од Македонија поканета на ексклузивниот настан Lights camera impact што ќе се одржи во петок во 19 часот. Фестивалот секоја година кани тројца светски реномирани автори чие последователно творештво се филмови кои имаат потенцијал да влијаат на општеството и да ја менуваат свеста на луѓето за одредени важни социјални теми. Првата ваква потврда за авторката се случува на филмскиот фестивал Sundance во САД, во 2019 година, каде една од трите награди кои ги освои филмот „Медена земја“ беше наградата за Impact for change.

– Ова е успех од светски рамки, авторот да биде еден од тие кои можат со своите дела да влијаат во општеството, во светот. Драго ми е што Агенцијата за филм застана позади новиот проект на Котевска. Ова е уште една потврда дека жените автори имаат поинаков сенс и простап кон документарниот филм – изјави Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм.

The Walk го следи пеколниот пат на бегалците од Сирија до Англија и кој го открива лицемерието на Европа во тој процес на „одење“ од земја во земја. На Lights camera impact авторката ќе одржи говор за моќта на филмот да прави промена во општеството. Светската премиера на The Walk ќе се случи во ноември. Главен продуцент на филмот е една од најголемите филмски компании за документарни филмови во Англија, Grain Мedia, која зад себе има многу награди, меѓу кои и неколку оскари. Позади неа стојат познати оскаровски имињата како: Orlando von Einsiedel (Virunga, Learning how to skateboard in a war zone if you are a girl), Stephen Daldry (The Hours, The Reader) и Tracey Steward (Slum-dog Millionaire, 2 Popes etc). Филмот е поддржан и од македонската Агенцијата за Филм како малцинска копродукција, а македонски копродуцент е ОХО Продукција.

Сподели