Од печат на македонски јазик излезе книгата „Клучните концепти во кинеската традиционална култура на владеење на правото“ од авторите Цуи Јунхуа и Ли Чи. Изданието е на „Македоника литера“, а од англиски на македонски јазик го преведе Славчо Пеев.
Книгата се состои од три дела: Филозофија на правото, Правен систем и Правна култура и претставува збирка со 107 поими или фрази од кинеската традиционална правна култура и нивно толкување. Тие се засновани на социјалистичката теорија за владеење на правото со кинески карактеристики. Традиционалната култура на владеење на правото е поткрепена со современо толкување на древната филозофија на правото, институциите и културите, и користење на современи теории на правото.
– Низ својата долга историја, развојот на кинеското владеење на правото бил збогатен со многу брилијантни идеи, системи и култури. Овие мудри постигнувања, не само што се цврстиот темел на кој стои Кина, туку се и важна движечка сила за постојан напредок на кинескиот народ. Традиционалната култура на владеење на правото во себе ја содржи есенцијата на развојот на кинеското владеење на правото. Општо кажано, т.н. „традиционализација“ е толкување на статичното и „старо“ право од страна на денешните генерации кои користат современа теорија на правото – велат издавачите.





