Леонид се бори за живот! Донирајте за момчето од Македонија кое победи на натпреварот на НАСА

Итна помош и поддршка му е потребна на талентираниот средношколец Леонид Индов кој пред две недели доживеа тешка несреќа на летување во Калитеа, Грција и сега е на интензивно лекување во болницата во Солун. Леонид за десет дена требаше да ја почне последната, четврта година во Математичко-информатичката гимназија во Скопје. Леонид заедно со своите другари изработија апликација што го анализира и проучува движењето на Меѓународната вселенска станица и го освоија првото место на меѓународниот натпревар NASA Space Apps Challenge.

Тие го посетија NASA Кенеди Центарот во Флорида, каде ја имаа можноста да се запознаат со експерти и научници од вселенската индустрија.

Заради ризичната состојба тој не можел да биде транспортиран во Македонија, па операциите му биле извршени во Солун. Леонид има 18 години, срце полно со ентузијазам и желба за знаење. Неговите компјутерски вештини и научни истражувања се вистинска инспирација за сите негови врсници. Сега се соочува со најголемата животна битка.

По несреќниот случај тој се наоѓа на одделот за интензивна нега во болница во Солун. Храбро поминал неколку хируршки зафати, но понатамошните медицински третман и рехабилитација ќе чинат многу. Во борбата за животот на Леонид, потребни се 200.000 евра.

– Секоја мала или голема донација значи. Ова е борба за неговото оздравување, како и за враќање на можноста да го следи својот пат, своите мечти и амбиции. Апелираме и до вас, до сите кои можете и сакате да бидете дел од битката на Лео. Отворете ги срцата и и придружете се на оваа хуманитарна акција – велат од неговото семејство.

Донациите може да се направат со повик на телефонските броеви (100 денари од повик):

А1: 143 500
Телеком: 143 118

Или преку сметка:
Од Македонија: 210-7000006805-91 НЛБ БАНКА
Од странство: IBAN: MK07210501567799991
SWIFT: TUTNMK22
NLB BANKA AD SKOPJE

Сподели