Сребрено признание за средношколката Ана Динговска на биенале во Љубљана

Средношколката Ана Динговска од уметничкото училиште „Лазар Личеноски“ за графиката „Фузија“ освои сребрено признание на Меѓународно биенале на ученичка графика што за прв пат се одржа во Љубљана, Словенија. Биеналето го организира средното училиште за дизајн и фотографија од Љубљана. Покрај Динговска, на изложбата се претстави и Меглена Анѓушева. И две е се ученички од одделот графички дизајн (предмет графички техники) под менторство на професорката Соња Димовска.

Изложбата беше отворена во галеријата на Друштвото на ликовни уметници на Љубљана. Темата на биеналето беше „Допир“. Делата на ученичките од скопското училиште беа меѓу 51-то селектирано дело, од пристигнатите 177 графики.

Сподели